МакедонијаНајново

Возел без возачка дозвола и повредил четири лица, меѓу кои и тригодишно дете

Лишен е од слобода возач во тетовско, кој возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа, во која било повредено и тригодишно дете.

„На 17.07.2026 во 22:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат за с. Требош, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, кој возилото го управувал без возачка дозвола односно сторил кривично дело по член 297-а од КЗ и е лишен од слобода, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (80) од с. Палатица. 

При тоа, со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од возилото „мерцедес“ – Р.С. (77) од с. Палатица и С.И. (49) од Тетово, а со телесни повреди се здобиле В.И. (46) и тригодишно дете, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, а по документирање на случајот, против С.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons