ВОЕНИ ВЕЖБИ ВО СТЕНКОВЕЦ Викендов ќе се слушаат истрели од муниција, утре активности во воздух
За време на изведување на планираните активности во склоп на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила, додека во утринските часови на ден 6 мај ќе има и активности во воздух, соопшти Министерството за одбрана.
На вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец“ од вчера па до 8 мај во вечерните часови ќе се изведува обука на армиските единици во склоп на која ќе се користат вежбовни артифиции, информира Министерството за одбрана (МО).
„За време на изведување на планираните активности во склоп на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила, додека во утринските часови на ден 6 мај ќе има и активности во воздух“, соопшти МО.
Наведените активности, се вели во соопштението, се дел од редовните планови за изведување на неопходната обука на припадниците на армиските единици на овој полигон, при што се преземени сите неопходни превентивни мерки за безбедност на учесниците и околината.
„Согласно процедурите, со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на град Скопје“, потенцираат од МО.
Воедно, во недела на 8 мај, на спортскиот аеродром „Стенковец“ ќе има и Отворен ден за приказ на воздухопловите кои ги поседува македонската армија.