Актуелно

Водоводот во Гостивар под лупа: Утре ќе се знае што има во водата, Вруток сѐ уште под полициска опсада

Итни лабораториски испитувања на примероците од водата во гостиварскиот водовод се вршат во Институтот за јавно здравје, откако обвинителството покрена истрага по масовните поплаки и сомнежи за квалитетот на водата.

Оваа здравствена и безбедносна криза ја крена на нозе целата општина, па надлежните сега трчаат со времето за точно да изолираат што ги предизвикало проблемите со водоснабдувањето.

Резултатите од анализите треба да бидат готови во текот на утрешниот ден, по што ќе бидат официјално доставени до Основното јавно обвинителство Гостивар.

Врз основа на овие токсиколошки и микробиолошки наоди, јавниот обвинител ќе донесе конечна одлука за натамошниот тек на постапката и евентуално покренување кривичен прогон за загрозување на здравјето на граѓаните.

Додека се чека извештајот, извориштето во Вруток останува под строга полициска контрола за да се спречи какво било дополнително влијание или контаминација на теренот.

  • „Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена“, соопштија од Обвинителството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons