МагазинНајново

Внимавајте! Попладне поројни дождови низ цела Македонија 

Попладне, а особено во текот на ноќта и утре во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме , проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h), велат од УХМР. 

Минималните температури измерени во 8:30 часот утрово беа во плус низ целата земја. Најстудено беше во Битола 4 степени, додека Демир Капија и Штип беа најтопли градови со 13 степени. 

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид, а потоа Крушево, Претор, Крива Паланка, Тетово, Штип и Демир Капија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons