ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“
МУЦУНСКИ НАЈАВИ ДЕКА УТРЕ ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИ СО „ВРЕДИ“
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вечерва за Телевизија Алсат официјално најави дека утре напладне очекуваат да се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците.
Не очекува дека уште утре би се дошло до договор, но вели дека тој е извесен доколку постојат добра верба, реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните.