МакедонијаПолитика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која ги штити криминалците и соработувала со нив, СДС не се огради ниту од Заев, ниту од Ковачевски, од Груби и Андов 

Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот.

Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување.

Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС.

СДС е партија која ги штити криминалците  и соработувала со нив, како и користење државни средства и ресурси за Филип Андов да ги рашетува криминалците од затвор.

СДС не се огради од Зоран Заев, Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов.

СДС даваше пасоши на наркобосови и се беше заташкано и сокриено во фиоки.

Сојузот со ДУИ не беше ништо повеќе од заедничка амбиција за крадење и богатење преку злоупотреба на тендери и јавни ресурси.

Владеењето на СДС достигна врв со дозволата Груби да ги злоупотребува институциите, и да ги третира како свој приватен имот.

СДС спроведуваше селективна правда, а криминалните банди добија неограничена слобода и си играа со судбината на граѓаните.

СДС водеше политика со ароганција, обезбеди луксузни животи за своите елитистички кругови, додека народот тонеше во очај.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons