ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари
Опозиционерот Венко Филипче се обидува да држи лекции за здравството и јавното здравје, но граѓаните не забораваат кој со години раководеше со Министерството за здравство и кој беше на власт кога се случуваа проблемите.
Наместо денес да се обидува да собира политички поени, Филипче треба да одговори каде беше и зошто молчеше и не делеше лекции кога во периодот на владеење на СДС имало сериозни индикации дека водата за пиење во Гостивар не ги исполнува законските критериуми.
Документите покажуваат дека проблемот со неисправната вода во Гостивар не е од вчера, туку дека уште во периодот кога Филипче беше министер, а продолжи и понатаму во време на владеење на СДС. Така на 11.11.2020 година, микробиолошка анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење.
На 15.02.2021 година и на 01.03.2021 година, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење
Проблемите продолжуваат и во 2022 и 2023 година.
На 11.07.2022 година, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, не одговарала за употреба поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Потоа на 29.06.2023 година повторно била констатирана неисправност поради бактериски колонии, а на 04.08.2023 година повторно било утврдено дека водата за пиење не одговара поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.
Во ниеден од овие случаи не било постапено, властите на централно и на локално ниво предводени од Венко Филипче, СДС, ДУИ и Таравари знаеле и ништо не преземе, а граѓаните проголжувале да користат и пијат несиправна вода.
Затоа, прашуваме зошто тогаш СДС и Венко Филипче не реагираа и не ги решија навреме овие проблеми и зошто институциите под нивно раководство не постапиле кога анализи кои укажувале на неисправност на водата.
Граѓаните на Гостивар не заслужуваат политичко префрлање на вина, туку одговори и одговорност, а се поевидентно е дека денешниот проблем е резултат на години негрижа и неработење на локалната власт, предводена од СДС, ДУИ и Таравари, кои со години имаа власт, а со тоа и обврска да го решат овој проблем.
Затоа Филипче, пред да држи лекции за јавното здравје, треба да одговори за сопственото работење како министер за здравство и за периодот кога СДС беше на власт.
Здравјето на граѓаните е пред се и одговорност мора да има, затоа што тие добро паметат, а документите остануваат траен доказ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



