Спорт

Винисиус го чека голема казна по инцидентот со Столе Димитриевски 

Реал Мадрид успеа да ја совлада Валенсија со пресврт (2-1), и тоа со играч помалку. „Кралевите“ од 79. минута беа со фудбалер помалку поради неспортски потег на Винисиус Жуниор, кога од зад грб го удри во глава голманот на домаќините Столе Димитриевски.

Ден по натпреварот во Шпанија се шпекулира до кога Винисиус ќе мора да паузира, бидејќи според правилата на Ла Лига казната треба да биде многу строга. Имено, како што е наведено во дисциплинската регулатива, за ваков прекршок се предвидени суспензии од најмалку четири до најмногу 12 меча.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons