Свет

(ВИДЕО) Tоварен воз падна од мост во Минхен

Едно лице е тешко повредено откако товарен воз падна од мост во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија, јави ДПА.

Два вагона излетале од шините од мостот, се одвоиле од возот и паднале околу пет метри, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште истражуваат што превезувал возот.

Сепак, товарот, според властите, сигурно не претставува опасност за наслениeтo во околината.

Инцидентот се случил на железничка линија што ја користат главно товарни возови, изјави портпаролот на германската железничка компанија Дојче Бан.

Причините за несреќата се истражуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons