(Видео) Ескалираат тензиите во Егејското море: Грчки бродови отворија оган на турски брод

Според турските власти, два брода на грчката крајбрежна стража денес отвориле оган врз брод на 11 милји од југозападниот брег на Турција, Бозџада.

Бродотж со 18 членови на екипажот – шест египетски, четворица сомалиски, пет азербејџански и тројца турски државјани – бил нападнат додека пловел во меѓународни води, се вели во соопштението на командата на турската крајбрежна стража.

Откако дознале за инцидентот, турската крајбрежна стража испратила два чамци, а потоа грчките чамци ја напуштиле областа.

На бродот нема повредени, се додава во соопштението.

Бродот е придружуван од два чамци, а покрената е истрага за инцидентот, се наведува понатаму во соопштението.

На својата веб-страница, командата на турската крајбрежна стража сподели и видео за вознемирувачкиот напад и мапа, со прецизно посочување на локацијата каде се случил инцидентот.

Видео на линкот од infomax.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons