(ВИДЕО) Даравелски за прв пат по 20 години снимен во јавност

По 20 години од неговото бегство, телевизија Телма успеа да го сними денешниот изглед на Драган Даравелски, поранешниот директор на Царинската управа.

Денеска Даравелски излезе од затвор по само 35 дена минати во идризово. Осуденикот на седум години затворска казна очекува ново судење на кое ќе биде ослободен поради застареност на делото.

Надвор го чекаа два автомобила, а воопшто не сакаше да даде изјава. Даравелски потоа со автомобил со затемнети стакла се упати кон Куманово.

Тој оретходно сам се предаде на граничниот премин „Табановце“ на 11 јануари, а на слобода ќе го дочека новото судење.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons