(ВИДЕО) Врие во Србија: Илјадници граѓани пред РТС, внатре чекаат до заби вооружени специјалци
Атмосферата во Србија се вжештува – протести и блокади ја потресуваат целата земја, а денеска за првпат беа организирани и контрапротести на симпатизери на власта, со голем митинг во Јагодина, на кој присуствуваше српркиот претседател Александар Вучиќ.
Илјадници српски студенти и граѓани кои им даваат поддршка, вечерва се собраа на протест пред зградата на јавниот сервис РТС. Масата за време на емитувањето на централниот дневник на телевизијата извикуваше: „Пуштете нè во живо“ и „Генерален штрајк“. Дневникот на РТС започна со десетминутна репортажа од контрапротестите на приврзаниците на власта во Јагодина, а дури во 15-тата минута одеше прилог со вклучување во живо од протестите кои се случуваа во центарот на Белград, пред самата телевизија.
Додека надвор траеше протестот, на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како голем број вооружени специјалци, во полна опрема за разбивање демонстрации, чекаат внатре во зградата на Радиотелевизија на Србија.
На снимката се гледа како специјалците со штитови во рацете и торби маршираат низ ходниците на РТС.
Според српските медиуми критични кон власта, некои од полицајците биле во зградата на РТС уште од утрото, а поголемиот дел се распоредиле попладнето, пред почетокот на протестот.
Видео на линкот:
https://x.com/atamanzagliblje/status/1882857551689306344?s=46
https://x.com/tomanikolic9/status/1882884253266087974?s=46