Васев: Ако СДС и ДУИ се за ЕУ, тогаш ќе прифатат Уставни измени да важат само откако ќе влеземе во ЕУ

Васев: Христијан Мицкоски денес имаше државнички пристап во решавање проблемите. Изјавата од клубот на пратеници е пример како зрел политичар треба да размислува и делува. Претседателот Мицкоски понуди решение, тоа е пристап кој ниту една опозиција претходни не го направила.

Целта е Македонија да не биде уценувана по патот кон ЕУ, да нема нови барања и нови попуштања. Ако СДС и ДУИ се за ЕУ, тогаш ќе прифатат Уставни измени да важат само откако ќе влеземе во ЕУ. Нивно гласање и важење од сега е само давање на отскочна даска на низа максималистички барања од Бугарија во иднина.

Воедно мора да се оди на избори, да се смени власта и Македонија да тргне напред.

ВМРО-ДПМНЕ има план економски да ја закрепне државата, да го запре иселувањето и да го подобри животниот стандард на населението.

Македонија не може да оди напред со ДУИ. Затоа мора избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons