Вардарци повикуваат: Купи сезонски билет за симболични 1.000 денари и помогни му на клубот
Вардар од денеска ги започна подготовките за новата сезона, навивачите го преземаа раководењето со клубот, а една од нивните почетни акции со кои треба да бидат силна финансиска инјекција во клубот е продажбата на сезонски билети.
Цената на сезонските билети кои наскоро ќе бидат пуштени во продажба изнесува 1.000 денари. Сите собрани средства ќе бидат наменети за функционирање на клубот.
Вардар се врати на Арената „Тодор Проески“, веќе нема да биде кираџија на други стадиони, туку ќе игра во својот дом, онаму каде што припаѓа.