Бугарски историчар вели дека впишувањето на Бугарите во Уставот е бесмислено

Бугарскиот историчар Димитар Атанасов вели дека односите меѓу Македонија и Бугарија сега се на дното. 

Тој влошувањето го гледа во отворањето на т.н. културни клубови – провокација која ја започнала бугарската, а на неа се надоврзала македонската страна. Рече дека впишувањето на Бугарите во Уставот на земјава е апсолутно бесмислено.

„И со и без тоа Бугарија треба да дозволи преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Кога ќе погледнеме историски тие луѓе чии мисли ние ги читаме – Гоце (Делчев), Даме (Груев) тие сакале на Осоговската Планина да нема граница, тие сакале Деве Баир и Ѓуешево да бидат две села и ништо повеќе и меѓу нив да се минува слободно затоа што ние сме различни, но сме доволно блиски и она што го можат Италијанците и Швајцарците, што можат Шпанците и Французите, зошто да не го можат Бугарите и Македонците“, вели Атанасов.Но, бугарскиот државен врв бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Ова деновиве го посети и бугарската потпретседателка Илијана Јотова која дојде во Скопје и се сретна со македонските Бугари. 

фото Принтскрин

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons