НајновоСвет

Борел за Косово: Нови избори, учество на Србите и формирање на ЗСО 

Одржување на нови избори на северот на Косово, обезбедување учество на Србите во нив и формирање на Заедница на српски општини се барањата на европските претставници, изјави Жозеп Борел високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ).

Жозеп Борел во објава на својот Твитер профил наведе дека доколку тоа не се направи ќе има сериозни последици за односите со ЕУ.

Високиот претставник изјави дека овие барања биле соопштени на средбата со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи.

Како што пренесуваат агенциите, тој објавил дека на самитот на европските лидери во Молдавија разговарал со Вучиќ и Османи за „опасната ситуација на Косово“.

Борел во објава на својот Твитер профил наведе дека доколку тоа не се направи ќе има сериозни последици во однос на односите со ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons