Спорт

 Бесниот Флик ги заклучил фудбалерите во соблекувална по ремито против Рајо

Тренерот на Барселона, Ханси Флик бил бесен по ремито против Рајо Ваљекано, па ги заклучил фудбалерите во соблекувална и им одржал лекција.

„Каталонците“ првите три натпревари од новата сезона во Ла Лига ги играат на гости, беа освоени седум бода, но Ханси Флик не е задоволен од прикажаното.

По ремито против Рајо Ваљекано, на кое голманот Жоан Гарсија беше најдобриот играч на Барселона, тренерот решил дека е време да им стави до знаење дека доста работи треба да се коригираат.

Како што пренесуваат медиумите, Ханси Флик ги заклучил фудбалерите во соблекувална и им одржал лекција, и ги потсетил играчите дека колективот е приоритет штом ќе излезат на теренот.

Слични беа и изјавите кои ги даде Германецот за медиумите, кога рече: „Кога преодниот рок ќе заврши, сите фудбалери што се во клубот мора да бидат 100% посветени на тимот. Не треба да иам его, его го убива успехот. Минатата година игравме како едно, и повторно треба да бидеме такви“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons