Бајден тврди дека Украина се уште не е подготвена за НАТО, има услов пред да се приклучи на Алијансата

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека војната во Украина мора да заврши пред НАТО да ja разгледа апликацијата за членство на Киев во Алијансата.

Бајден следната недела ќе учествува на самитот на НАТО во Литванија, каде војната меѓу Русија и Украина, како и напорите на Киев за приклучување кон Северноатлантската алијанса, ќе бидат една од клучните теми.

Пред патувањето, Бајден рече дека руската агресија во Украина мора да заврши пред Алијансата да размисли за прием на Киев во своите редови.

Тој најави дека, иако членството на Украина во НАТО е прерано, САД и нивните сојузници ќе продолжат да му даваат на Киев поддршката и оружјето што му е потребно во конфликтот со Русија.

„Мислам дека нема договор во НАТО дали Украина да се внесе во семејството на НАТО сега, во овој момент, додека трае војната“, рече Бајден.

Тој објасни дека НАТО е решен да ја брани секоја педа од територијата што им припаѓа на земјите-членки и дека приемот на Киев додека трае конфликтот на територијата на Украина практично ќе ја доведе Алијансата во конфликт со Русија.

„Тоа е обврска што ја презедовме сите, без разлика на се. Ако има војна, тогаш сите сме во војна. Во тој случај би биле во војна со Русија“, нагласи Бајден.

Тој наведе и дека одлуката за првпат на Украина да и се обезбеди касетна муниција е тешка, но дека донел таква одлука бидејќи на Киев му е потребна муниција во контраофанзива против Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons