Бајден застана зад Нетанјаху 

Најмалку 500 луѓе загинаа во синоќешното бомбардирање на  болницата „ Ал Ахли“ во градот  Газа. Жртвите се пациенти , медицински персонал и луѓе кои ја користеа болнцата како заслошните од изарелските воздушни удари, соопшти Министерството за здравство во појасот Газа.

Нападот врз болницата беше причина палестинскиот лидер Махмуд Абас, Египет и Јордан да го откажат денешниот самит со американскиот претседател Бајден на кој требаше да се разговара за војната помеѓу Израел и Хамас. Го обвинија Израел дека врши масакр врз палестинскиот народ во Појасот Газа, истакнувајки дека оддржувањето на самитот во овој момент не може да придонесе за решавање на проблемот.

Се уште не е јасно чија ракета ја погоди болницата. Хамас веднаш обвини дека за нападот е одговорен Израел, додека Тел Авив објави видеа и пораки, кои како што тврди, откриваат дека ракетата била испалена од гробиштата во близината на болницата од страна на Палестинскиот исламски џихад, втората по големина милитантна група во појасот Газа.

На страната на Израел застана американскиот претседател кој од утрово е во Тел Авив, додека демонстранти во Турција се обиделе да влезат во израелската амбасада во турскиот главен град Анкара.

– Бев длабоко натажен и гневен поради вчерашната експлозија во болница во Газа. Врз основа на тоа што го видов, се чини дека ова е направено од другата страна, а не од вас. Но, на многумина тоа не им е јасно. Затоа имаме многу работа да го разрешиме тоа, многу работа, изјави Џо Бајден, претседател на  САД.

Русија го повика Израел да обезбеди сателетски снимки за да докаже дена не е вклучен во масакрот во болницата. Одговрните мора да одговараат порача ЕУ, без да ја префли вината за нападот кон кој било во конфилктот помегу Израел и палестинските милитанти. 

Нападот на болницата во Газа предизвика бројни реакции и осуда и во Македонија. Министерот за надворшени работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи оцени дека станува збор за нехуман чин на терор за кој нема оправдување. 

Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат, напиша Османи на социјланите мрежи. 

За Албанските опозициски партии Алтернатива и Беса, станува збор за геноцид и бараат меѓународна истрага. 

Насилството на блискиот исток ги засили и антисемитските напади во Европа. Молотов коктел бил фрлен врз синагога во Берлин, а шест француски аеродроми беа евакуирани поради закани за напад

Нов повик за прекин на огнот на Блискиот исток стигна од ОН. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons