Барди со нов клуб и следната сезона во шпанската „Ла Лига“!?
Македонскиот репрезентативец сезонава со екипата на Леванте не успеа да обезбеди опстанок во најсилното шпанско првенство.
Енис Барди во петтата сезона во дресот на клубот од Валенсија во тамошниот шампионат запиша три голови од 30 настапи.
Се шпекулира дека можно е летово нашиот играч да го напушти Леванте, но иако испадна од елитата, би можел и следната сезона да игра во „Ла Лига“.
Според шпанскиот „АС“, Алмерија која го освои првото место во Сегунда и која после седум години се враќа во „Ла Лига“, покажува интерес за Барди.
Леванте е подготвен да го продаде нашиот репрезентативец доколку пристигне добра понуда, а нивната цена е околу 10 милиони евра.
Барди е моментно на подготовки со националната селекција на Македонија за јунските настапи во Лигата на нации против Бугарија, Грузија и двапати со Гибралтар.