МакедонијаНајново

Андоновска: СДС под контрола на Заев и Филипче ја уништија партијата, време е за вистинска опозиција

Почитувани,

По катастрофалните резултати од изборите, повеќе нема дилеми дека СДС е во целосен пад. Трета партија во државата и петта во Скопје. 

Ова не е случаен резултат. Ова е директна последица на раководството на СДС и Венко Филипче, кој очигледно и натаму работи под диригентската палка на Зоран Заев.

Филипче, наместо да ја реформира СДС, ја претвори партијата во негов приватен проект под влијание на Заев. Народот го препозна тоа и ги казни.

Со само шест освоени општини, едвај 126 илјади гласови и околу 230 советници, СДС го доживеа најголемиот изборен пораз во својата историја.

И по овие резултати, во СДС нема ниту реформи, ниту одговорност. Само лажни искази дека ја примиле пораката и дека ќе има промени. Затоа, време е СДС да се соочи со вистината дека Филипче мора да си замине, партијата мора конечно да се дистанцира од Зоран Заев и да направи вистински реформи. 

Македонија и ВМРО-ДПМНЕ мора да имаат опозиција која ќе биде конструктивна, одговорна и ќе придонесува за државата, а не арогантна и деструктивна партија која мисли само на личнитеинтереси.

Ви благодарам. 

Линк од видео материјал: 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons