Фановите на Англија во „шок“: Македонија е рај, пивото евтино, а храната е превкусна! 

Репрезентацијата на Англија можеби не заминува од Скопје со очекуваниот резултат по ремито со нашите „рисови“, но гостинските навивачи минаа прилично мирен и комфорен неколкудневен престој во нашиот главен град. 

Англиските медиуми пишуваат за гостопримството во Македонија, а особено се зачудени од цената на пивото, која очигледно кај нив одамна не постои.

„Дејли стар“ објави статија во која се вели дека фановите биле воодушевени од љубезноста во рестораните, пабовите и кафулињата, а пријатен и позитивен „шок“ бил цената на пивото. Додека во Англија за 60 фунти можете да купите околу седум литри пиво, во Македонија за истата сума добивате неверојатни 40 литри! 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons