Македонија

Американка разочарана од Скопје: „Луѓето ми свиреа и довикуваа на улица, таксистите ми наплаќаа како да сум во Лос Анџелес, не се чувствував безбедно“ 

Лена Соу е 24-годишна Афроамериканка од Лос Анџелес која на својот ТикТок профил споделува видеа од патувачките искуства низ светот.

Неодамна, еден следбеник ѝ го поставил прашањето која е најлошата европска дестинација за темнокожа жена која патува сама, а таа ја издвоила Македонија, односно нашиот главен град Скопје.

„Број 1 е Македонија, но не целата држава, туку конкретно главниот град, Скопје. Ова беше едно од најлошите патувачки искуства што сум ги имала.

https://vm.tiktok.com/ZMjgDTvB2/

Во мигот кога останав сама, луѓето буквално свиреа од автомобилите по мене, ми довикуваа по улиците. Си реков „Ова е премногу“. Луѓето ми приоѓаа цело време и си реков дека мора да престанат.

Покрај тоа што велам дека е небезбедно, има премногу нелегални такси возила. И не е проблемот тоа што ми наплаќаа повеќе бидејќи сум навикната да плаќам „туристички данок“. Туку, лудо е тоа што ми наплаќаа повеќе од тоа што би го платила во градот во којшто живеам – Лос Анџелес“, вели Лена која на видеото додала дека платила речиси 20 долари за 5 минути возење кога такси превоз во Скопје чини 2 до 3 долари.

„Нема начин како да се движите низ градот, бидејќи е тешко да најдете такси со добра репутација, особено ако не зборувате македонски. Заглавени сте, а за мене тоа е многу небезбедно и не можам да го поднесам.

Ако сакате да одите во Македонија, одете во другите делови од државата. Одете на езерото. Охрид е прекрасен. Многу ми се допадна. Но, Скопје – прескокнете го.

И, слушнав од многу други жени дека исто така имале такви чудни искуства и не би можела да го препорачам… Никогаш, никогаш нема да се вратам“, вели таа во видеото.

tocka.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons