Алкараз убедливо ја освои титулата во Доха
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои АТП турнирот во Доха, Катар, откако во финалето го победи Французинот Артур Фис со 2:0 во сетови 6:2, 6:1.
Моментно најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, убедливо го совлада Фис, кој е рангиран на 40 место на АТП листата, по само 51 минута игра.
Шпанецот пет пати направи брејк на сервис на противникот, кој не успеа да запише ниту еден брејк.
Ова беше трет дуел помеѓу шпанскиот и францускиот тенисер, а во сите три триумфираше Алкараз, кој вечерва стигна до 26 титула во својата кариера. АТП турнирот во Доха се играше за награден фонд од 2.833.335 долари.
Потсетување, Алкараз успешно ја започна годината со освојуваање на пехарот на првиот грен слем во Мелбурн, „Австралија опен“.
Алкараз сега има 26 АТП титули, од кои девет се од серијата 500, вклучувајќи го и турнирот во Доха.



