Алкараз е прв носител на Австралија опен, Ѓоковиќ не е меѓу првите тројца
Денеска беа одредени носителите за престојниот грен-слем турнир Австралија опен, улогата на прв носител ќе ја има Карлос Алкараз.
Новак Ѓоковиќ е рангиран како четврти носител, Јаник Синер е втор, а третиот е Александар Зверев.
Српскиот тенисер сака да стигне до бројката од 25 грен слем титули, а првата шанса за тоа оваа година ќе има на Австралија опен.
Во женска конкуренција прва носителка е Арина Сабаленка, следуваат Ига Швјонтек и Коко Гоф.
Утре ќе се одржи ждрепката за турнирот кој започнува од 18 јануари и ќе трае до 1 февруари.



