Алкараз без многу мака до четвртфинале во Токио
Најдобриот тенисер на светот, Карлос Алкараз, се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Токио, откако денеска во осминафиналето го совлада Белгиецот Зизу Бергс со 2:0 во сетови, 6:4, 6:3, за еден час и 20 минути игра.
Бергс го започна мечот подобро и прв дојде до брејк, поведувајќи со 2:1 во првиот сет. Но, младиот Шпанец брзо ја презеде контролата и со пресврт го освои првиот сет.
Во вториот сет, Алкараз беше уште поубедлив, двапати му го одзеде сервисот на противникот и рутински го приведе мечот кон крај, обезбедувајќи си пласман во следната рунда.
Во четвртфиналето, Алкараз ќе се сретне со Американецот Брендон Накашима, кој претходно денеска го елиминираше Унгарецот Мартон Фучович со 7:5, 6:3.
АТП турнирот во Токио се игра за вкупен награден фонд од 2.226.470 долари.
Преземено од: Спорт.ком.мк