Алиоски и Ал Ахли ја освоија азиската Лига на шампионите
Фудбалерите на Ал Ахли од Саудиска Арабија ја освоија титулата клупски шампион на Азија за прв пат во историјата, откако во финалето на Лигата на шампионите го победија јапонскиот Кавасаки Фронтале со 2:0.
Стрелци во победата беа Галено во 35 минута и Франк Кеси во 42 минута од средбата во Џеда, Саудиска Арабија.
Целиот натпревар за Ал Ахли го одигра македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Клубот од Џеда играше во финалето на Лигата на шампионите на АФЦ во 1986 и 2012 година, и конечно третиот пат им беше среќа.
Ал Ахли беше домаќин на Фајнал Ејт, последниот турнир од Азиската Лига на шампиони за сезоната 2024/25.