Магазин

Ален Куљеван е дел од балканскиот тим што ќе лансира сателит во вселената: „Придонесувам во делот со електроника, мехатроника и софтвер“ 

Ален Куљеван од Скопје е македонскиот претставник на вселенската Асоцијација на Југоисточна Европа – СЕСА, која оваа есен планира да лансира сателит поддржан од Асоцијацијата на индискиот технолошки конгрес – ITCA. 

Ален студирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, а во моментов работи како фриленсер. Тој за Факултети.мк раскажа за неговото искуство поврзано со овие науки, неговите интереси и достигнувања.  

Формирањето на СЕСА се случило спонтано
Куљеван вели дека аеронаутиката не е негов прв интерес, меѓутоа, поради искуството што го стекнал и науките кои ги студирал, веќе бил имал предзнаење од многу сфери со што можел да помогне во идејата на СЕСА. 

Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа СЕСА (SESA – Southeast European Space Association) е формирана на 27 јуни како повеќегодишна регионална аспирација за здружување на силите. Првиот работен состанок се одржал на 10 јули, на кој се создавала заедничката стратегија.

– До формирањето на СЕСА дојде кога се најдовме неколкумина луѓе, инженери, расеани по Балканот, кои правевме слични работи, па сакавме да го официјализираме она што се трудиме да го постигнеме, а тоа е реактивација или креирање вселенска програма во некаква форма. Имаме сознанија дека такво нешто постоело на овие простори уште одамна. Членовите не беа одбирани. Јас долго време се трудев да најдам луѓе кои би работеле на нешто посериозно, ама не сум сретнал многу заинтересирани. Главно, може секој да работи, зависно од знаењето и желбата, добредојдени се истомисленици и ентузијасти за технологија, ракетна наука, електроника, вселенска наука и слично. Овој проект е во рана фаза и нашата држава нема фондација во која реално некој би можел да придонесе. Јас придонесувам во делот со електроника, мехатроника, софтвер и надежно во иднина – ракетен мотор на течно гориво. Тоа не секогаш е клацкање епрувета во лабораторија и лансирање мисија како „Аполо 11“, туку засега се работи за мали чекори – раскажува тој.

Повеќе на линкот на fakulteti.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons