МакедонијаНајново

Активни се два пожари на отворено 

Од вкупно четири пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се два, под контрола е еден, а изгаснат еден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 12:00 часот.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чашка кај село Богомила, каде гори мешана шума и во Општина Македонски Брод кај село Грешница гори деградирана нискостеблеста шума.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Долнени кај село Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало каде гореше нискостеблеста шума.

Изгаснат е пожарот во Општина Липково кај село Слупчане каде гореше ниска вегетација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons