Актуелно

АКО СЕ ДОКАЖЕ КАРТЕЛСКО ЗДРУЖУВАЊЕ, ЌЕ ИМА КАЗНИ – ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“ 

Со борбата против корупцијата не се занимаваме за да импровизираме. Ако се докаже картелското здружување, тогаш ќе има и казни, тврди премиерот Христијан Мицкоски кој гостуваше во поткастот „Каде се парите?“ и зборуваше на повеќе теми, меѓу кои беше прашан и за случајот со четирите големи синџири маркети и ССК, за што Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе прекршочна постапка. Врз основа на сознанијата дека постапиле спротивно на законот со одлуката да не прифаќаат нови ценовници од добавувачите.

„Претпоставувам, мислите на нефер трговските практики и за картелското здружување. Би почекал тука со одлука, затоа што и самиот Закон е таков, вели потребен е период од девет месеци, а тој почна на први октомври минатата година, значи некаде до крајот на јуни, за да се направи некаква споредба во делот на нефер трговските практики. Од аспект на тоа дали Владата е во положба да ги брани овој тип на картелско здружување или големите маркети, доволно е да се вратиме неколку месеци наназад, кога ја почнавме онаа акција за замрзнување на профитната, дистрибутивната маржа, и ќе видите какви критики имаше од страна на дел од овие ланци. А, нашите информации, непотврдени мора да кажам, велат дека тие инструирале и политичка партија од опозицијата да прави пресови напаѓајќи ја Владата… Тогаш, ќе го добиете одговорот дека не само што не го поддржуваме тоа, туку напротив, се бориме жестоко, и за тоа имаме политички одреден конфликт. Бидејќи на нивните прес-конференции нема економско обраќање и економски позиции, има политички“.

Поради тоа што се работи за големи пари, постои неверување дека може да се истрае во оваа борба. На прашањето – може ли да се очекува, доколку се докаже картелското здружување, дека за првпат ќе има казни, Мицкоски одговара:

Линк од целата емисија:

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons