Македонија

АВМУ преку правилник ќе ги следи и регулира „инфлуенсерите“ 

Несовесните „инфлуенсери“ кои преку нивната содржина го „загадуваат“ интернет просторот прво ќе се опоменуваат, а потоа ќе си заработат и прекршочни пријави.

АВМУ преку правилник ќе ги мониторира и регулира „инфлуенсерите“ кои имаат преку 10.000 следачи на социјалните мрежи, првенствено за да се создаде побезбедна интернет средина за корисниците, особено за помладите и децата кои во голем број ги следат креаторите на содржини. Дополнително, на контото на агенцијата годишно ќе се слева по 0,5% од годишната заработка на секој „инфлуенсер“, кој ја има потребната бројка на следачи, а кои вообичаено за едно видео и три „сториња“ наплаќаат од 300 до 1.000 евра, но не постојат стандардизирани цени.

Целта на регулацијата не е да се ограничи креативноста, туку да се воспостави јасна линија кој подлежи на јавна одговорност и зошто, со ваквата регулација и публиката добива поголема заштита, а и самите „инфлуенсери“ добиваат појасни правила за работата и им помага да изградат доверба кај публиката преку транспарентност. На крајот, идејата е да обезбедиме фер и одговорна медиумска средина што одговара на реалноста во која живееме денес.

Од штетни „медикаменти“, опасни чаеви за слабеење, до рекламирање на казина, обложувалници и брзи кредити, тик-токерот Александар Динев, кој има преку 325.000 следачи на платформата, вели дека регулацијата е добра, оти има многу креатори кои не се грижат каква штета ќе предизвикаат се додека имаат прегледи.. 

-Да не шириме говор на омраза, ние како инфлуенсери, креатори и јавни личности, но истовремено да не се промовираат кои навистина се свесни за луѓето, особено за младите. Јас сум целосно ЗА тоа да се воведе затоа што воопшто не подржувам, алкохол, цигари, казина,брзи кредити итн и сметам дека тоа не се добри вредности кои што треба да ги промовираме на нашите генерации. Александар Динев – „Инфлуенсер“

Сепак, од страна на креаторите на содржини има замерка за традиционалниот начин кој Динев вели агенцијата го наметнува за рекламирање на производите од кои заработуваат.

Ако јас треба на секое видео да кажувам, ова е реклама, се губи таа креативност, се губи моментот на спонтаност. Тие рекламни правила ни сметаат и ни ја кратат креативноста до одреден степен. Ова е рекламно видео, ова видео е реклама, ова видео е спонзорирано, по самото тоа што се снима видеото и се споменува продуктот луѓето знаат дека е реклама.

Правилникот наредната недела ќе се објави во слубен весник, а на почетокот на август, овој подзаконски акт ќе стапи на сила. „Инфлуенсерите“ кои имаат над 10.000 следачи и ги исполнуваат останатите услови да се нарекуваат така имаат обврски до крајот на годината да се пријават до агенцијата и да бидат евидентирани во регистарот. Правилникот, инаку се носи согласно европските директиви…

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons