Актуелно

Авион на „Croatia Airlines“ не ги примил сите патници на летот од Скопје кон Загреб 

Авион на „Croatia Airlines“ не ги примил сите патници на летот од Скопје кон Загреб, пренесува порталот „Zamaaero“. Според хрватските медиуми, настанот се случил на 12 август на скопскиот аеродром.

Компанијата не примила шест патници, заедно со нивниот чекиран багаж, поради потребата авионот да полета со помала тежина поради високите температури во Скопје, кои достигнале над 40 степени Целзиусови.

Од „Croatia Airlines“ за хрватскиот портал „Index“ потврдиле дека шест патници не биле примени на летот, но исто така изјавиле дека сите патници биле згрижени и на крајот стигнале на својата дестинација. Што се однесува до багажот, компанијата информира дека кабинскиот багаж бил превезен, додека чекираниот багаж останал во Скопје и бил доставен до патниците во рекордно време.

Авионот има капацитет од 149 седишта, а биле пријавени 80% од вкупниот капацитет, што укажува дека уште повеќе патници би можеле да бидат отстранети од летот во случај на поголема пополнетост.

Авионот е во сопственост на „Croatia Airlines“ од крајот на минатиот месец, и досега сите летови биле реализирани со речиси 100% пополнетост, со исклучок на летот Скопје-Загреб на 12 август.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons