Џејмс Харден се согласи на 70 милиони долари

Одличниот плејмејкер Џејмс Харден ќе остане во Лос Анџелес Клиперс уште две сезони, откако се согласил да ја продолжи соработката за 70 милиони долари, пренесува „ЕСПН“. Клиперси на тој начин успеаја да задржат една од двете ѕвезди кои беа слободни на пазарот, откако Пол Џорџ се договори со Филаделфија.

Харден пристигна во Клиперси во контроверзниот трејд на крајот на минатиот октомври и целосно ја сврте ситуацијата во тимот од 3-7, во првите десет натпревари на 34-15 на почетокот на февруари. Во текот на целата сезона тој потенцираше колку е среќен во Лос Анџелес, а 35-годишниот играч во просек постигнуваше 16,6 поени со 8,5 асистенции, што е негова најдобра сезона од 2017/2018 година.

  • Џејмс беше одличен откако го доведовме, истакна човекот задолжен за носење играчи во тимот, Лоренс Френк.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons