Македонија

Ќе пристигнат 100 нови еколошки автобуси во Скопје, избрана компанијата за набавката

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за главниот град.

Како што соопшти Ѓорѓиевски преку својот официјален профил на Фејсбук, информацијата ја добил во телефонски разговор со министерот за транспорт Александар Николоски, објави 4news.mk 

„Со огромно задоволство ве информирам дека успешно заврши тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје“, напиша градоначалникот.

Според него, избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со „ЕВН Македонија“, а по истекот на десетдневниот рок за жалби се очекува потпишување на договорот и почеток на процесот за испорака на автобусите.

Ѓорѓиевски оцени дека набавката претставува значаен чекор кон обновување на возниот парк на ЈСП „Скопје“ и подобрување на јавниот превоз во градот.

„Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз – помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани“, наведува тој, објави 4news.mk 

Градоначалникот упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и министерот Александар Николоски за поддршката, додавајќи дека со посветеност и волја, според него, можат да се реализираат и најголемите проекти за Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons