Спорт

Ѓорческа ја мина и втората пречка во Букурешт и се пласира во четвртфинале 

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со пресврт дојде до победа од 2-1 (3-6, 6-3, 6-4) над Италијанката, Ноеми Басилети, и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Букурешт, Романија.

Ѓорческа не го почна најдобро овој меч, го загуби првиот сет со 6-3, но на ист начин возврати во вториот и израмни на 1-1.

Во третиот решавачки сет, Лина беше подобра со 6-4 за победа од 2-1 во сетови.

За место во полуфиналето Ѓорческа ќе се бори со Лаура Хиетаранта од Финска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons