Ѓоковиќ со само пет загубени гема го мина Еванс за плсман во следното коло на Вимблдон
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ одигра моќен меч против Британецот Даниел Еванс, победи во три сета со само пет загубени гема и се пласираше во следната рунда на Вимблдон.
Новак денеска изгледаше моќно, полетно, противникот немаше шанса да му парира, се што направи Еванс е освоени пет гема.
Во првиот сет домашниот тенисер пружи најмногу отпор, Ѓоковиќ го доби со 6-3. Во вториот беше 6-2 за Србинот, а во третиот Ноле не загуби гем, со перфектни 6-0 ја завери победата за конечни 3-0 во сетови.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе има дуел со својот сонародник Кецмановиќ кој со 3-1 во сетови беше подобар од Де Јонг.