Спорт

Ѓоковиќ не му ја исполни желбата на Федерер 

Новак Ѓоковиќ трета година по ред нема да настапи на Лејвер купот и покрај тоа што Роџер Федерер лично го поканил да се приклучи на тимот Европа и да заигра на натпреварувањето во Сан Франциско.

Според „Мирор“, швајцарската тениска легенда и еден од основачите на овој турнир, Роџер Федерер отворено лобирал Ѓоковиќ да му се приклучи на Алкараз во тимот и да играат заедно. Но, тоа нема да се случи.

По минатогодишното издание на Лејвер купот, Федерер јавно истакна кој би сакал да ги види во европскиот тим.

„Би сакал да го видам повторно Ѓоковиќ, искрено. Би сакал да ги видам Алкараз и Новак во ист тим. Би сакал тоа да се случи“, рече тогаш Федерер.

Тимот Европа минатата година дојде до победа, тогаш во него беа Карлос Алкараз, Александер Зверев и Данил Медведев.

Осмото издание на турнирот се игра денеска, утре и задутре. Тимот на Европа ја брка шестата победа над тимот на Светот.

Во ова издание на Лејвер купот за тим Европа настапуваат: Алкараз, Зверев, Руне, Руд, Меншик, Коболи и Махач. За тим Свет настапуваат: Фриц, Де Минор, Серундоло, Микелсен, Фонсека, Опелка и Бруксби.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons