Спорт

Ѓоковиќ го победи Чилиќ во историски меч во Шангај 

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ со 2-0 (7-6, 6-4) во сетови го совлада Хрватот Марин Чилиќ, а овој меч влезе во историјата на Мастерс турнирите.

Првиот сет беше изедначен, при резултат 5-5 Чилиќ имаше две сет топки, не ги искористи, сетот отиде во тајбрејк кој го доби Ѓоковиќ со 7-2 и поведе со 1-0.

Во вториот сет Ѓоковиќ зема еден брејк, го доби сетот со 6-4 и се пласираше во третото коло од турнирот.

Овој меч беше историски затоа што Ѓоковиќ со 38 и Чилиќ со 37 години го одиграа „најстариот“ меч на мастерс турнирите. Збирот на нивните години е 75.

Следен противник на Новак ќе биде Германецот, Јаник Ханфман.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons