Шокантни снимки од тунелот: Бускетс, Алба и Араухо тргнаа да се тепаат со навивачите на Еспањол (ВИДЕО) 

ЕСПН успеа да протне камера во тунелот кон соблекувалната на „Корнеља Ел Прат“ и улови шокантни снимки, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Роналд Араухо сакаа да се тепаат со најжестоките навивачи на Еспањол.

Барселона синоќа го совлада Еспањол со 2-4 и ја обезбеди титулата во Ла Лига, имаше големо славје кое можеше да заврши со сериозен инцидент. Најжестоките домашни навивачи решија да влезат на теренот и да тргнат по гостинските фудбалери, кои набрзина избегаа во соблекувалната и спасија жива глава.


Страстите сепак не се смириле веднаш, во тунелот било прилично тензично, дел од хулигантите не се откажуваа од намерата, а очигледно и дел од фудбалерите на Барселона не сакаа да се повлечат.

Серхио Бускетс, Жорди Алба и Роналд Араухо тргнаа да се тепаат но обезбедувањето не дозволи да дојде до судир, па се заврши само со туркање и влечење.

Видеото погледнете го ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons