Спорт

Швајцарија ослабена пред дуелот со Македонија, важен играч замина во пензија

Репрезентацијата на Швајцарија остана ослабена пред стартот на Лигата на нациите и првиот меч со Македонија.

Силван Видмер се повлече од националниот тим и нема да биде дел од новиот циклус во Лигата на нациите, во кој Швајцарија ќе гостува и во Скопје.

33-годишниот десен бек на Мајнц одлуката ја донесе со желба целосно да се посвети на клупските обврски и физичката подготовка. Видмер за Швајцарија одигра 65 натпревари и постигна пет гола.

Во репрезентативниот дрес дебитираше во 2014 година, а последниот настап го имаше на Мундијалот во 2026 година против Аргентина. Во кариерата настапи на четири големи турнири, по две Европски и Светски првенства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons