Чурлинов нападнат во Полска: Противник доби црвен картон, па се врати од тунелот и го удри
Погон Шчечин го победи Радомјак Радом со 4-3 во полското првенство, но дуелот го одбележа инцидент во кој македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше физички нападнат од противнички фудбалер.
Хаосот настана во завршницата, по поништен гол на гостите, а Ибрахима Камара доби црвен картон по ескалацијата на тензиите. Сепак, фудбалерот на Радомјак се врати од тунелот и со тупаница го удри Чурлинов во главата.
Нападот е забележан на видео снимките од натпреварот, чиј финиш беше засенет од недозволивите сцени.



