Спорт

Чупиќ: Ни беше важно да покажеме дека сме подобри од претходните натпревари

Ракометниот клуб Вардар синоќа победи на гостувањето кај Нант со 33-27, тоа беше прв триумф за црвено-црните оваа сезона во Лигата на шампионите.

По тесните порази во претходните мечеви, Вардар синоќа одигра совршен натпревар и ја забележа првата победа. Момците на Чупиќ одиграа максимално иако веќе ги загубија шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.

„Имавме четири тешки натпревари што ги загубивме во последните минути, со еден или два гола разлика. Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме. Беше важно да покажеме дека сме подобри отколку на претходните натпревари“, изјави Иван Чупиќ.

На Вардар му остана уште домашниот меч со Мелсунген, а потоа ќе се префрли во Европската лига, второто по ранг натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons