МакедонијаНајново

ЦУК: Активни се 4 пожари 

Денеска до 13 часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно осум пожари од кои четири се активни, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Прилеп, кај селото Бешиште каде гори квалитетна мешана шума, во Општина Македонски Брод, во село Црешнево гори  деградирана дабова шума и грмушки, шумски пожар под Солунска глава има во Општина Чашка и ниска вегетација гори на територијата на Општина Велес.Изгаснати се пожарите во општините Врапчиште, село Врањовци, Липково – село Лојане, Карбинци – село Радање и Арачиново, во атарот на село Орланци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons