Цената на златото највисока во историјатa
Цената на златото се зголеми за 0,22 отсто утрово, достигнувајќи рекорден максимум од 3.184 евра (3.755 долари) за унца во 9:30 часот наутро по средноевропско време.
Цената на златото во последните 12 месеци се движеше помеѓу 2.150 евра (2.536,91 долари) и 3.184 евра (3.755 долари) за унца, постигнувајќи раст од 42,8 отсто. Пазарните очекувања за понатамошно намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на Соединетите Американски Држави (Фед) силно влијаеше врз цените на стоките, особено на златото.
На инсистирање на американскиот претседател Доналд Трамп, Фед ја намали каматната стапка за 0,25 процентни поени минатата недела. Пазарите очекуваат уште едно намалување на каматните стапки на следните состаноци на Фед, кои ќе се одржат во октомври и декември.
Претседателот на Фед Џером Пауел на прес-конференцијата објасни дека каматните стапки се намалени поради слабата состојба на пазарот на трудот, но исто така предупреди дека инфлацијата е сè уште висока и дека се очекува дополнително да се зголеми поради воведувањето на царините.