Спорт

Халанд потпиша за Манчестер Сити на ист ден како и неговиот татко пред 22 години 

Манчестер Сити и официјално потпиша со Ерлинг Халанд, Норвежанецот стави потпис на петгодишен договор на ист датум како и неговиот татко кога пред 22 години потпишал за овој англиски клуб.

Откако му завршија обврските кон Норвешка, Манчестер Сити го потпиша договорот со Халанд кој од поодамна беше договорен.

„Манчестер Сити со задоволство може да го потврди потпишувањето на Елинг Халанд од Борусија Дортмунд. 21-годишниот фудбалер ќе му се приклучи на клубот од 1 јули, тој стави потпис на петгодишен договор кој ќе го задржи на Етихад до летото 2027“, стои во соопштението на клубот.

Интересно, таткото на Ерлинг, Алфи Халанд пред 22 години на истиот овој ден потпишал за Манчестер Сити.

„Ова е горд ден за мене и за моето семејство. Отсекогаш го гледав Манчестер Сити и ми се допаѓа тоа што го прават во изминатите сезони. Не можете а да не го сакате тој стил на игра, многу е возбудлив и креираат многу шанси, што е перфектно за играч како мене“, вели Халанд.

„Роден сум во Англија, целиот живот сум фан на Манчестер Сити, знам многу за клубот. Се чувствувам малку и како дома тука. Сум бил на многу натпревари на Сити“.

„Има многу фудбалери од светска класа во тимот, а Пеп е еден од најдобрите тренери на сите времиња, па мислам дека сум на вистинското место за да ги исполнам моите амбиции“.

„Сакам да постигнувам голови, да освојувам трофеи и да напредувам како фудбалери, сигурен сум дека тоа можам да го направам тука. Ова е одличен чекор за мене и не можам да дочекам да почнам со подготовките за следната сезона“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons