Спорт

Фантастичен ден за македонската атлетика во Монако: Медали, национални и лични рекорди

Македонската репрезентација забележа извонредни резултати на Европското првенство во атлетика за мали земји (European Challenger Championships Monaco 2026), освојувајќи медали, лични рекорди и нов национален рекорд, потврдувајќи го континуираниот напредок на македонската атлетика на меѓународната сцена.

Андреас Трајковски беше најуспешниот наш претставник, освојувајќи го првото место во скок во далечина со одличен резултат од 7,62 метри.

Јован Стојоски го освои третото место на 400 метри со пречки со време од 53,80 секунди.

Огнен Стефановски се искачи на победничкиот подиум на 110 метри со пречки, освојувајќи го третото место со нов личен рекорд од 14,68 секунди.

Брајан Авиа го освои третото место во скок во височина со прескокнати 2,00 метри.

Мелиса Димитриоски го освои седмото место на 100 метри, притоа поставувајќи нов личен рекорд од 12,31 секунди.

Михаил Петров го освои 10 место на 400 метри со резултат од 49,36 секунди.

Дополнителен повод за гордост е настапот на македонската штафета во дисциплината 100-200-300-400 метри (шведска штафета), која го освои четвртото место со нов национален рекорд од 1:55.08.

Овие резултати претставуваат уште една потврда за квалитетот, посветеноста и потенцијалот на македонските атлетичари и атлетичарки, кои достоинствено ја претставија Македонија на меѓународната сцена.

Атлетската Федерација на Македонија упатува честитки до сите натпреварувачи, тренери и членови на стручниот тим за одличните настапи и за достојното претставување на македонската атлетика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons