Уставниот суд ја запре употребата на „балансерот“
Уставниот суд ја запре употребата на „балансерот“. Се додека судот не донесе конечна одлука дали овој закон ќе биде укинат, неговата примена е надвор од правниот промет.
Уставниот суд ценел дека вработувањето по етнички клуч е спротивно на Уставот, бидејќи граѓаните имаат право да се изјаснат како што сакаат, па дури и да не се изјаснат. Според Судот, некој ако денеска се пријавил како етнички Албанец, утре може да се чувствува како Македонец или Турчин.
Балансерот е на сила подолг период, но нема информации зошто баш во овој момент Судот се решава на ваков чекор.