Актуелно

Уставниот суд на 2 декември ќе избира нов претседател, предложена и нова уставна судијка

Уставниот суд на 2 декември ќе избира нов претседател, повеќе од еден месец пред истекот на мандатот на актуелниот претседател Дарко Костадиновски, кој функцијата треба да ја извршува до 11 јануари.

Од Судот соопштија дека Костадиновски на колегиумот одржан на 2 ноември ги информирал судиите за распоредот на претстојните состаноци и седници, вклучително и за изборот на нов претседател, објави 4news.mk 

Во меѓувреме, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ја предложи Теодора Ефтимовска-Бојковска, судијка во Основниот суд во Гостивар, за нова судијка на Уставниот суд. Предлогот доби осум гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржани“.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, објасни дека треба да се пополни местото испразнето по оставката на уставниот судија Гоце Наумовски, која Собранието ја констатирало на 20 јули годинава. Уставниот суд го сочинуваат девет судии.

Ефтимовска-Бојковска дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 1995 година, објави 4news.mk Во 2008 година била избрана за судијка во Основниот суд во Гостивар, каде што постапувала по граѓански предмети. Од 2023 до 2026 година, со одлука на Судскиот совет, била упатена да ја врши судиската функција во Основниот суд во Тетово.

Сајкоски ја оцени како искусна судијка. Со усвојувањето на предлогот во Комисијата, постапката за нејзин избор продолжува во Собранието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons