Свет

Унгарски борбени авиони следеле српски патнички авиони поради дојави за бомби 

Унгарското министерство за одбрана соопшти дека нивни борбени авиони „грипен“ вчера во два наврати испратиле од својот воздушен простор авиони на Ер Србија на летови од Русија поради дојави за бомби.

Во соопштението се наведува дека унгарски борбен авион „грипен“ полетал за да следи српски патнички авион на лет од Санкт Петербург за Белград и дека претходно од унгарскиот воздушен простор бил испратен и српски авион на релација Москва-Белград, пренесува Танјуг.

Претходно вчера руската агенција РИА Новости јави дека авион на релација Белград-Москва добил порака со закана со бомба, по што безбедно слетал на аеродромот Шереметјево.

Медиумите претходно јавија дека борбени авиони со ознаки на Белгија во средата испратиле авион на компанијата Ер Србија, кој летал од Санкт Петербург кон Белград, при прелетувањето над Литванија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons