Ужасот на модерното време: Фотографија од тројца луѓе кои „продале“ бубрег за новиот „iPhone“ го згрози светот
Клиника за убавина и разубавување во Лаос, „Dr. Nith Beauty Center“, објавила фотографија од тројца луѓе кои во рацете држат нови „iPhone 14“ телефони, а од десната страна имаат фластери низ кои се гледа крв.
Алузијата на вадењето бубрези за да добиете пари за купување на „iPhone 14“ телефон е јасна, а фотографијата ја вознемирила речиси цела јавност.
Фотографијата за кратко време станала вирална, а од Тајланд каде ја погледнале најмногу луѓе, се проширила низ цел свет, а она што го прикажува истата е целиот ужас во кој живееме денес во ова модерно време и во кое на луѓето навистина им е потребно да продадат бубрег за да си купат нов „iPhone“.